ПО ВЕТЕРОТ КОЈ УСЛОВИ НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – НАБРЗО МАГЛАТА И НИСКАТА ОБЛАЧНОСТ ПОВТОРНО ЌЕ БИДАТ СО НАС!

Во следните часови ќе има повремени локални послаби врнежи од дожд, додека на планините во западните предели и тоа со надморска височина од над 1700 метри ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните предели повремено засилен ветер од источен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Во Скопје и околината ќе има услови за слаб локален дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа од недела следува нов неколку дневен период на стабилно и суво време. По котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност и истата локално би можела да биде и ГУСТА. Температурите ќе бележат тенденција на мал пораст и тоа максималните. Наутро истите и тоа особено во Малешевијата ќе се спуштаат под нулата.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!