ПО ОЧЕКУВАНИТЕ НОВИ ВРНЕЖИ – СЛЕДНАТА СЕДМИЦА НА ПОВИДОК ДОАЃАЊЕ НА ВИСТИНСКАТА ПРОЛЕТ И ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО!

Од утре, па во следните неколку денови потоа во Македонија следува период на променливо време со повремени сончеви периоди. Од утре попладне па натаму ќе има и повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен, а особено во јужните предели и со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

На планините ќе има повремени врнежи од СНЕГ. 

Особено во јужните предели и тоа во недела се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (до околу 20 л/м2).

Температурите и понатаму ќе бидат потпросечни за овој период од годината и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени.

Во Скопје исто така од утре следува период на променливо време со појава на повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 13 степени.

РАНА НАЈАВА:    Ако вака останат работите, вистинското пролетно време со МНОГУ ПОВИСОКИ температури на воздухот, но и многу повеќе сонце без врнежи ни доаѓа од средината на следната седмица.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

 







Занимливости