ПО НАЈАВЕНИТЕ НОВИ ДОЖДОВИ И СНЕГОВИ НА ПЛАНИНИТЕ – ОД ВТОРНИК СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО И ВИСТИНСКИ ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ!
Во текот на претстојната ноќ, а особено утре на повеќе места во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 20 л/м2). На планините над 1300 – 1400 м.н.в ќе има врнежи од СНЕГ.
Во следниот период ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе ЗАСИЛУВА на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.
Во Скопје и околината исто така утре се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува северен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Локален дожд и снег на планините ќе има и во понеделник.
Веќе од вторник па натаму следува СТАБИЛНО и СУВО време со МНОГУ ПОВЕЌЕ сонце. Исто така од средината на следната седмица и температурите ќе бидат ПРОЛЕТНИ и речиси насекаде ќе се искачуваат над 15 степени, а во централните и во југоисточните предели и над 20 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
За време на викендот поради продор на постуден воздушен бран, ќе имаме позначително опаѓање на температурите и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината. Исто така, ќе има и зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни [...]