По котлините многу магла и мраз, на планините и високите места пролет!
Барем од она што можам сега да го кажам, следниот викенд, односно на 25 и на 26 јануари кон Македонија ќе продре значително потопол воздух од југ и од југозапад, па токму ова ќе услови натпросечно високи температури на воздухот кои на повеќе места ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу, па дури и над 15 степени.
Сепак и покрај ова, температурната инверзија ќе се задржи и во новата седмица во Македонија, односно ќе има денови кога на планините и на Скијачките центри ќе биде потопло, од колку по котлините каде ќе има многу пониски температури до околу, па и под нулата, како и појава на густа магла и ниска облачност, особено во ноќните и во утринските часови.
Ќе остане претежно тивко времето и без ветер.
Исто така, новата седмица ни носи и повеќе облачност, па и услови за повремени послаби врнежи од дожд, а на планините над 1300, 1400 метри надморска височина ќе има послаби врнежи од снег, особено утре (вторник).
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во Македонија имаме ладно време со температури кои во најголем дел се под нулата и има појава на слана и на мраз. Времето е претежно ведро со мала локална облачност а дува и слаб до умерен ветер претежно од источен правец. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени вечерва до 21 часот во Македонија.


by