ПО ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ЛАДЕН БРАН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ЦЕЛА ЕВРОПА: Ќе донесе потпросечни температури, снег е можен во Алпскиот регион
Почитувани мои, по екстремно високите температури кои зафатија многу делови од европскиот континент, особено источните предели од истиот, секако и Балканскиот Полуостров, во текот на следната седмица ладен бран од север ќе ја зафати речиси цела европа и ќе предизвика голем пад на температурите и тие ќе бидат потпросечни за месец јули.
Потпросечни температури следната седмица очекуваме и во поголем дел од регионот, како и во нашата Македонија. Дури во Алпскиот регион е можна и појава на врнежи од снег, особено на највисоките места, и тоа особено кон крајот на овој, како и на самиот почеток на месец август.
Што се однесува до врнежите, најмногу врнежи следната седмица се очекуваат во југоисточна европа, односно кај нас на Балканот, како и во источна европа. Со ова растат и условите за појава на локални временски непогоди.
Локални временски непогоди се очекуваат и до крајот на оваа недела ширум регионот, како и во нашата Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]