ПЕКОЛНОТО ЖЕШКО ЛЕТО ПРОДОЛЖУВА И ВО АВГУСТ: Претстојниот месец потопол и посув од вообичаеното
Како што и претходно кажав, во претстојниот месец (Август) повторно очекуваме многу топло време и натпросечно високи температури на воздухот. Тоа значи дека оваа година месец Август ќе биде потопол за 1 до 2 степени, а врнежите ќе бидат потпросечни, односно претстојниот месец ќе биде посув од вообичаеното.

Овој топол бран кој ја зафати нашата територија, во следните денови ќе зема замав и температури на воздухот насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи до околу 40 степени. Сепак, во следниот период во атмосферата ќе ни биде присутна и Сахарската прашина и песок, па така времето ќе биде мачно и спарно а температурите ќе ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените.
Само за време на викендот ќе имаме краткотрајна дестабилизација на времето, кога ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локално невреме.
Ув индексот и во следните денови ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by