ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ ЗА ОВАА СЕЗОНА ВО СРБИЈА: Побелеја Голија и Копаоник

Снегот на Копаоник и Голија беше особено изненадувачки.

На Копаоник врне снег, предупредување за обилни врнежи е издадено во Војводина, Мачва и Шумадија.

На Копаоник денеска врне снег, а температурата на воздухот е еден степен Целзиусов, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ).

Утрото, да потсетиме, на планината Голија падна првиот снег , а во моментов паѓа и на Копаоник.

Посетителите и мештаните на Копаоник ги фатија првите снегулки на оваа српска убавица .

Судејќи по видеата објавени на социјалните мрежи, се чини дека декември е месецот, а не септември. Снегот на Копаоник и Голија беше особено изненадувачки, бидејќи пред само една недела, да потсетиме, температурата беше 30 Целзиусови степени.







Занимливости