ОВАА ВЕЧЕР И НОЌ ДОАЃА АРКТИЧКИОТ СТУДЕН БРАН – СЛЕДУВА ДРАСТИЧНО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО!
Под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса која ќе се спушти од север, вечерва и во текот на ноќва кон утрешниот ден врнежите од дожд на местата со надморска височина од 1000 метри па нагоре ќе преминат во врнежи од снег, каде се очекува формирање на не многу голема снежна покривка. Утре провејување на снег е можно понекаде и на местата со надморска височина од под 1000 метри.
Ќе започне да дува СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец и истиот локално ќе достигнува брзина дури и над 80 км/час. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
Во Скопје и околината брзината на северниот ветер ќе достигнува до околу 70 км/час.
Утре максималната температура ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКА за разлика од денешната и ќе се искачува во интервалот само од 2 до 11 степени.
МНОГУ СТУДЕНО утро ќе имаме во среда (невообичаено студено за крајот на месец март) кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, а на високите планински северозападни предели дури и до околу -10 степени. Се очекува појава на умерен до ЗАСИЛЕН мраз – Сето ова МНОГУ ЛОШО ќе се одрази врз овошките.
Минусни температури и мраз ќе ни донесе утрото и во четврток, додека во текот на денот следува ново ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето и ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите, што значи дека ни следува МНОГУ ПОТОПЛО време од четврток па натаму, а ќе биде и претежно стабилно со МНОГУ ПОВЕЌЕ сонце.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]