ОВАА СЕДМИЦА ЌЕ НИ ДОНЕСЕ СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР, ТОПЛИНА, САХАРСКА ПРАШИНА, ЦИКЛОНСКА АКТИВНОСТ И ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ!
Во текот на оваа седмица нашата територија ќе се наоѓа под влијание на ИЗРАЗЕНО ЈУЖНО воздушно струење и циклонска активност од запад. Ќе дува умерен до ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец а ќе има и повремени врнежи од дожд. Истите повремено и локално ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и ОБИЛНИ.
На високите планини ќе има врнежи од снег, и тоа особено во западните предели и ќе се формира нова снежна поквривка.
Температурите како утринските, така и максималните дневни ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ за овој период од годината и максималните дневни температури речиси насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат до околу 20 степени.
Да напоменеме дека за време на оваа циклонска активност, локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер. Можно е овие процеси да бидат застапени и во форма на НЕВРЕМЕ.
Во Скопје ќе имаме слично време.
Во случај на појава на силен јужен ветер, како и на појава на невреме, препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, исто така гражаните во случај на појава на силен ветер своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата, со цел да не дојде до некоја штета.
НАПОМЕНА: Поради силното јужно и југозападно струење, оваа седмица од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]