Оваа ноќ и утрешното утро ведро и ладно со појава на мразеви во Македонија

Оваа ноќ и утрешното утро четврток 19 февруари во Македонија ќе биде значително ладно и ведро а силниот северен и северозападен ветер значително ќе ја намали својата брзина. Инаку територијата на Македонија се наоѓа под влијание на ладна  и на сува воздушна маса од север  и истата условува да имаме ведро и ладно време без врнежи.

Температурите до утре наутро во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 2 степени. Во Скопје  и околината температурата до утре наутро ќе се спушти до околу -2 степени.

Поради ладното време  и минусните температури во најголем дел од Македонија ќе има појава на мраз и на слана во текот на оваа ноќ и утрешното утро.







Занимливости