ОСУМ ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ ВО СКОПСКО СТАЈКОВЦИ И СИНЃЕЛИЌ: Загинаа 22 лица
Денеска се навршуваат осум години од страотните поплави кај Стајковци и Синѓелиќ, во кои загинаа 22 лица.
Незапаметеното невреме почна во попладневните часови, кога целиот скопски регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер и однесе жртви во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.
Кобниот шести август 2016 година во Скопје наврнаа 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта.
Граѓаните од целата држава, координирани од Црвениот крст, кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите, а 8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост.
Поради поплавата, оштетени беа и делниците на скопската обиколница.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден во Македонија помина во знакот на стабилно, суво, сончево и релативно свежо време. Во утринските часови по котлините имаше појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот се расчисти. На табелата можете да ги погледнете денешните максимални температури во Македонија, измерени попладнево до 16 часот, и тоа на мерните станици на УХМР. Можеме да [...]