ОСОБЕНО ИНТЕНЗИВНИТЕ ДОЖДОВИ И ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ ДОАЃААТ ЗА МНОГУ СКОРО ВРЕМЕ – ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НОВИ ПОПЛАВИ!
Под влијание на циклонска активност од запад, особено од утре (четврток), па до крајот на оваа седмица насекаде низ Македонија ќе има врнежи од дожд, грмежи и повремено засилен ветер.
Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60 л/м2). Постои опасност од локални ПОПЛАВИ, како и излевање на некои од помалите реки низ државава.
Апелираме, граѓаните во случај на појава на НЕВРЕМЕ да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, и секако да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја во случај на појава на електрични празнења.
Во Скопје исто така ќе има ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ, како и на локални поплавувања во делови од котлината.
Температурите се до крајот на оваа недела нема многу да се менуваат во споредба од оние кои ги имаме сега, и покрај тоа што малку истите ќе бидат пониски.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во следните денови Македонија ќе биде под влијание на променливо и нестабилно време, проследено со повремени врнежи од дожд, локални грмежи и засилен ветер. Времето ќе се менува често, па покрај сончевите периоди ќе има и услови за развој на нестабилна облачност, особено во попладневните и вечерните часови. Температурите ќе се движат од 18°C до 25°C, со посвежи утра [...]

by