ОПАСНОСТ ОД ПРЕМРЗНУВАЊЕ НА ОВОШКИТЕ ПОРАДИ СТУДЕНИОТ БРАН – ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ДЛАБОКО ПОД НУЛАТА!
Поради намалувањето на облачноста и разведрувањето, претстојната ноќ во Македонија ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА со минимални температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата. До утре изутрина температурите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен, а на високите планински северозападни предели температурите се очекува да се спуштат дури до -10 степени, а може и под -10 степени.
Овие температури се невообичаено ниски за крајот на месец март.
Во Скопската котлина температурата до утре изутрина се очекува да се спушти до -2 степени.
Во Македонија се очекува појава на умерен до ЗАСИЛЕН мраз, а ова МНОГУ ЛОШО ќе се одрази врз овошките.
Потоа во следните неколку денови преку ден температурите ќе бележат тенденција на БРЗ и ГОЛЕМ ПОРАСТ и ќе надминуваат 20 степени. Времето ќе биде претежно стабилно и суво а оваа ноќ и утре и тоа особено Долж Повардарието и во источните предели сеуште ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец.
Нови врнежи од дожд барем според последните направени анализи ќе има за време на викендот кој доаѓа, кога ќе дува и југозападен ветер и истиот повремено и локално ќе засилува на интензитет. Сепак детална анализа околу ова следува овие денови.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]