Опасен Африкански топлотен бран во Македонија во следните денови – Под сенка ќе се мерат 43 степени, на сонце дури над 50 степени – Ув индекс 10!

објавено на:

12 Јул 2023

од:

сподели:

Опасен топлотен Африкански бран ќе влијае на времето во Македонија во текот на следните денови. Температурите на многу места низ нашата држава ќе надминуваат 35 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие ќе надминуваат дури и 40 степени, односно во тие предели од Македонија температурата ќе се искачи дури до 43 степени.

Ув индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе има коефициент 10, па затоа апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 10 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Во Скопје во следните денови температурата на воздухот ќе се искачи до 40, 41 степени.

Времето ќе биде претежно сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Повремено во попладневните часови и тоа според нашата алатка за рана најава на невреме “NOTHAS” ќе има услови за слаб до умерен развој на грмотевични облаци и тоа особено во планинските предели  , и истите би можеле да условат појава на локален краткотраен дожд и грмежи.

Барем според моменталните анализи со кои разполагаме, овој голем топол Африкански бран кај нас ќе се задржи најмалку седум денови.

НАПОМЕНА: Горе наведените очекувани температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат дури до околу, па и над 50 степени. Со ова, според Европскиот метеоаларм, Македонија ќе влезе во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните екстремно високи температури. Исто така, поради екстремно високите температури расте и опасноста од појава на шумски пожари, па затоа ги предупредуваме граѓаните да бидат крајно претпазливи како се однесуваат во природа.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.