Октомври месец ќе го започнеме со “Мини лето”!
За неколку денови ни доаѓа месец Октомври, а истиот ќе го започнеме со “Мини лето” и пријатно топло време преку ден, како и со повеќе сонце. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
Сепак утрата ќе бидат свежи и минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, а особено во Малешевијата тие ќе се спуштат и до околу 5 степени.
Врнежи не се очекуваат.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 10 и 13 степени, а пак максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 28 степени.
Уживајте во мини летото кое не очекува во првите денови од месец Октомври, и секако искористете ги максимално за правење на зимница.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]