ОХРИДСКО – ПРЕСПАНСКИОТ, КАКО И СТРУШКИОТ РЕГИОН ВЧЕРА ВЕЧЕР БЕА ЗАФАТЕНИ ОД ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ: Делови од овие региони останаа и без електрична енергија
Како што најавивме, од вчера вечерта во Македонија влијае циклонот кој е со центар над западна Европа, а Атмосферата позначително се дестабилизира. Значително нестабилно вчера вечерта беше во Охридско – Преспанскиот, како и во Струшкиот регион со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и со локална појава на град.
Токму поради електричните празнења, делови од овие региони останаа и без електрична енергија.
Во продолжение погледнете како изледаше Охрид вчера вечерта
Во Охрид во изминатите 24 часа наврнаа дури 38 литри дожд.
Ветерот повремено во овие делови достигнуваше и брзина од над 60 км/час и беше од јужен и од југозападен правец.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа во Македонија имавме многу нестабилна Атмосфера, и тоа поради притката фронтална долина која е распространета во југоисточна Европа, секако и во нашата Република Македонија. На повеќе места се забележаа поројни врнежи од дожд, грмежи како и засилен ветер. Процесите локално беа и поинтензивни во форма на невреме. На табелата можете да ги видете денешните измерени [...]