ОФИЦИЈАЛНА ПРОГНОЗА ЗА ВЕЛИГДЕН: ДОСТА НЕСТАБИЛНО И СО ПОЧЕСТИ ВРНЕЖИ – МОЖНО Е ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ!
Под влијание на Фронтален систем од запад, во петок, како и за време на најголемиот Христијански празник, Вовсресение Христово – Велигден , времето во Македонија ќе биде доста нестабилно, на повеќе места со попладневен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Повремени врнежи ќе има и во претпладневните часови.
Поради повремениот пад на температурите , ќе се создаваат услови за повремени врнежи од СНЕГ на високите планини.
Можна е појава на локално НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер, електрични празнења и локална појава на град,.
Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 17 степени во најтоплите централни и југоисточни предели.
И во Скопскиот регион ќе има повремени врнежи од дожд и истите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 20 степени само утре, а потоа температурата повторно ќе биде пониска.
Барем одега гледано, нема на видик долготрајна стабилизација на времето и високи пролетни температури, што значи дека продолжува доста променливото време, со почести врнежи.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]