ОФИЦИЈАЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Од петок снегот повторно доаѓа на помала надморска височина!
По краткотрајното затоплување кое ни пристигна, веќе имаме официјални инфоирмации дека веќе од четврток попладне и навечер кај нас доаѓа нова голема промена на времето и нов голем бран на врнежи од запад, поточно од Атлантикот.
Најпрвин врнежите насекаде ќе бидат од дожд, потоа во четврток навечер и во текот на ноќта кон петок поради продор на многу постуден воздух од север, на планините и на повисоките места врнежите од дожд брзо ќе преминуваат во врнежи од снег (НАПОМЕНА: Снежната граница ќе се спушти под 1000 метри надморска височина). На планините и на Скијачките центри ќе се формира позначителна снежна покривка (од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до 40 сантиметри, особено на високите планини).
За време на викендот, и тоа поради понатамошно спуштање на студен воздух од север, послаби локални врнежи од снег ќе има и во градовите. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец.
Температурите позначително ќе се намалат, па така наутро истите насекаде ќе се спуштаат под нулата, понекаде тие ќе се спуштат и до -10 степени, а на високите планини и под -10 степени. Максималните дневни температури за време на викендот исто така ќе бидат ниски и на многу места тие ќе се искачат само за некој степен над нулата, а понекаде тие ќе останат и негативни.
Во Скопје со овој бран, врнежи од снег ќе има на околните планини, а провејување на снег можно е и во повисоките предели од котлината. Не се исклучува можноста за време на викендот по некоја снегулка локално да провее и во котлината. Сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер.
- НАПОМЕНА: Поради очекуваните интензивни снежни врнежи и ниските температури кој ќе создаваат појава на голомразица, на возачите им препорачуваме крајно внимателно да управуваат со своите возила, особено ако се движат кон планинските превои и Скијачките центри.
Со овој нов силен продор на поларниот вртлог од север, добро би било да го заследете и мојот одличен пријател и колега од Хрватска, Дино Дундиќ, човекот навистина си ја знае работата кога станува збор за Метеорологијата – Заследете ја неговата официјална фејсбук страница тука Pogled na klimu i njene promjene by Dino Dundic
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]