ОД ВИКЕНДОТ ВИСТИНСКИ ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 35 СТЕПЕНИ: Но рачунајте на попладневна локална нестабилност, проследена со врнежи и грмежи

Под влијание на значително потопла воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре до нашиот дел од континентот, за време на викендот температурите кај нас ќе бележат тенденција на голем пораст и тие ќе бидат значително над просекот за самиот почеток на јуни и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Значи ќе бидат навистина летни.

Времето ќе биде сончево со слаб, повремено до умерен ветер од јужен правец. Ќе има и појава на мала локална облачност.

Сепак атмосферата нема да биде во целост стабилна, и тоа поради влијание на циклонски систем од западна европа, па така во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Поради загреаната атмосфера која ќе биде исполнета со многу енергија градот би можел да биде  и покрупен.

И во Скопје  и околината за време на викендот температурите значително ќе пораснат и максималната дневна ќе се искачи до околу 31 степен.







Занимливости