ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА НИ ДОАЃА ПРВИОТ ИЗРАЗЕН ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени
На повидок ни е и првиот поизразен топол бран од Африка, а тој барем според моменталните следења и наблудувања ни доаѓа од средината на следната седмица, а особено за време на следниот викенд. Тогаш температурите на многу места низ Македонија температурите ќе се искачуваат до околу 30 степени.
Во најтоплите централни и југоисточни предели од државава температурите се очекува да се искачат и до 35 степени.
Сепак и покрај ова, Атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така и во текот на следната седмица се очекува попладневна локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Климатскиот феномен Ла Ниња под кое влијание сме во моментов, во следните месеци, односно во летните и есенските месеци повторно ќе добие на интензитет, односно ќе се интензивира. Што значи тое? Тоа значи дека во следните летни и есенски месеци ни следуваат нови нагли и големи метеоролошки промени, исто така, очекуваме и се по екстремни метеоролошки појави и временски [...]
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза