ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници исто така ќе ни врне и ќе ни биде посвежо времето
Почитувани, како што и претходно најавивме, од среда 1.05.2024, па во деновите потоа (вклучувајќи ги и Велигденските празници) поради влијание на циклон од западна Европа, кај на следува период на променливо облачно и нестабилно време со чести поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи како и со засилен ветер.
Локално не се исклучува можноста и за појава на локално невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.
Ваквото променливо време и со повремени врнежи од дожд, но и посвежо би се задржало и за Велигденските празници.
Што се однесува до температурите, тие за Првомајските празниви ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27-28 степени, а потоа, односно за Велигденските празници ќе бележат тенденција на пад и ќе бидат под просекот за почетокот на месец мај (што значи дека ќе биде поладно од вообичаеното).
Во Скопје и околината, како што и претходнбо наведовме, од среда па во деновите потоа следува нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден во Македонија помина во знакот на стабилно, суво, сончево и релативно свежо време. Во утринските часови по котлините имаше појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот се расчисти. На табелата можете да ги погледнете денешните максимални температури во Македонија, измерени попладнево до 16 часот, и тоа на мерните станици на УХМР. Можеме да [...]