Од среда (15 октомври) нов ладен бран и дожд во Македонија

Под влијание на нов ладен бран од исток и од североисток, од среда (15 октомври) во нашата Република Македонија повторно очекувам пад на температурите на воздухот кои повторно ќе бидат потпросечни за месец октомври.

Покрај ова заладување, облачноста ќе се зголеми и ќе имаме локални врнежи од дожд со променлив интензитет.

Максималните дневни температури во најголем дел од нашата Македонија ќе бидат само за некој степен над 10 степени а во поголем дел од нашата Македонија тие нема да надминат 15 степени, наутро пак ќе биде уште поладно со температури во поголем дел од нашата Македонија под 10 степени, локално и под 5 степени.







Занимливости