ОД ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ НАГЛО И ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО И ОЛУЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР!

НАЈАВА ЗА ПРОДОР НА ПОЛАРЕН ВОЗДУШЕН БРАН И ОЛУН СЕВЕРЕН ВЕТЕР: Почнувајќи од денес попладне и навечер, па во текот на следната седмица територијата на Македонија ќе биде под влијание на ПОЛАРНА воздушна маса од север. Сето ова ќе биде проследено со СИЛЕН , повремено и ОЛУЕН ветер од северен правец (над 80 км/час, на планините и до околу 100 км/час). Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ поради можни штети.

Во текот на денешната вечер и ноќ температурите НАГЛО ќе опаднат и во следните денови потоа наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу -10 степени, понекаде и до околу -15 степени, додека на високите планини на северозапад температурите ќе се спуштаат и под -15 степени.

Утре локално сеуште ќе провејува снег, додека во текот на следната седмица ќе имаме претежно стабилно, суво и МНОГУ СТУДЕНО време (претежно сув студ).

Во Скопје и околината исто така ќе има послаби врнежи претежно од снег а ќе започне да дува и СИЛЕН северен ветер. Температурите од денешната ноќ НАГЛО ќе опаднат и ќе бидат под нулата (близу -10 степени наутро).  Максималните температури исто така ќе се задржат околу или под нулата.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!