ОД ПОНЕДЕЛНИК ВЛАЖНА И НЕСТАБИЛНА ВОЗДУШНА МАСА ОД ЗАПАД ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДОНЕСЕ ОПАСНОСТ ОД ПОЈАВА НА НЕВРЕМЕ!
Денес попладне особено во западните предели ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд, додека утре особено попладне ќе има развој на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер во зоната на нестабилност а има услови и за сосема ретка појава на суградица и на град.
Во недела Атмосферата ќе биде постабилна, иако попладнето повторно ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.
Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од запад, на почетокот од следната седмица Атмосферата ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНА, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер во зоната на нестабилност, електрични празнења а има услови и за појава на суградица и на град.
Во Скопје очекуваме слично време, особено во почетокот на следната седмица ќе растат условите за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите и покрај ова остануваат ПРОЛЕТНИ и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]