Од овој викенд топлотен бран од Африка повторно ја зафаќа територијата на Македонија
Од овој викенд територијата на Македонија повторно ќе биде под влијание на топол бран од Африка и истиот ќе предизвика позначителен пораст на температурите на воздухот, а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека утре (недела) тие насекаде ќе бидат над 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до близу 40 степени.

Во Скопје викендов температурата ќе се движи во интервалот помеѓу 34 и 36 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент 9, па така апелираме без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот. Исто така граѓаните да пијат и повеќе течности.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија Понеделник 18 Мај 2026 донесе ведро и свежо време со умерена локална облачност. Температурите насекаде беа под просекот за месец Мај. Најсвежо ова утро со 2 степени беше на Попова Шапка а пак највисока минимална температура од 14 степени ова утро беше измерена во Гевгелија. На табелата која утрово ја објави УХМР можете да [...]


by