ОД ЛЕТО, ДИРЕКТНО НА ЗИМА: Температурите на Балканот драстично паднаа, а на многу места пристигна и првиот снег
Почитувани мои, како што долго време најавувам и предупредував, наглата и огромна промена на времето пристигна на Балканот, снег паѓа на планините во Словенија и во Хрватска, додека вечерва снегот го очекуваме и на планините во Босна како и во Црна Гора, а не се исклучува можноста да побелат планините и во соседна Србија.

На картата може да забележуме дека на планинските места температурите во Хрватска и во Словенија се близи, па дури и под нулата. Додека во пониските места тие на многу места се спуштија и под 10 степени.
Инаку во Алпскиот регион до недела се очекува да наврне од 100 до дури 200 cм снег, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките планини во регионот.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by