ОД ЈАКНИ ДО МАИЦИ: Викендот и првиот ден од Април ни носат ранолетни температури во Македонија дури до околу 30 степени
Викендот кој што доаѓа, како и на првиот ден од месец април ќе имаме рано – летни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели од државава температурата ќе се искачи и до околу 30 степени.
Времето ќе се стабилизира за време на викендот, и ќе има повеќе сонце, што значи дека граѓаните уште од сега можат да прават планови за викендот кој доаѓа.

Во регионот се очекуваат температури дури и над 30 степени, што значи дека понекаде тие ќе се искачат и до околу 32-33 степени.
Токму овие натпросечно високи температури на воздухот се поради влијанието на топлата воздушна маса од северните предели на Африка, која ќе продре кон нашите краишта за време на викендот и на 1ви април.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]

by