ОД ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА МАЧНО И СПАРНО ВРЕМЕ: Ќе биде присутна и Сахарска прашина и песок, а од среда насекаде температури над 30 степени, во најтоплите предели и до 40, 41 степен

Од денес во атмосферата кај нас ќе биде присутна Сахарска прашина и песок која ќе се задржи речиси целата оваа недела, па така и времето ќе биде мачно и спарно, а температурите кои ги очекуваме ќе ги чувствуваме како да се многу повисоки од реално измерените. Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност.

Сепак, денес попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можно е и локално краткотрајно невреме, особено во планинските региони. Температурите денес и утре ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до околу  35, 36 степени.

Особено топло ќе биде од среда па во деновите потоа кога температурите насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, на повеќето места тие ќе се искачат  и до околу 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи и до околу 40, 41 степен.

Апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, и тоа поради многу високиот до екстремно високиот Ув индекс кој ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9, но и поради многу топлото време, и секако да пијат повеќе течности. Според прогностичките материјали со кои сега располагаме, овој топол бран ќе се задржи 6 до 7 дена.







Занимливости

  • 17 Апр 2025

    Денешниот ден (четврток 17 април) повторно во нашата Македонија помина во знакот на многу мачнен и спарен ден, со присуство на Сахарска прашина  и песок во воздухот. Сепак, денес беше  и значително потопло за разлика од изминатите денови, па така, до 17 часот попладнево во Струмица е измерена максимална температура од 27 степени. На табелата можете да ги погледнете  [...]