Обилни врнежи во Македонија, досега наврнаа 47 литри дожд.

Денешниот ден (недела 26 октомври) во нашата Република Македонија помина во знакот на променливо и врнежливо време на повеќе места во нашата Македонија. Најмногу дожд до 16 часот попладнево наврна на Попова Шапка  и тоа 47 литри дожд на метар квадратен.

Од градовите пак најмногу дожд наврна во Тетово и тоа 28 литри на метар квадратен до 16 часот попладнево. Токму ова количество на врнежи е измерено на мерните станици на УХМР.

Ноќва и утре (понеделник 27 октомври) во претпладневните часови продолжуваат обилните врнежи и тие најобилни ќе бидат во западните предели каде локално ќе наврнат нови над 30 литри дожд на метар квадратен. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на силно невреме со силен ветер (до околу 90 км/час) и со појава на грмежи.







Занимливости

  • 16 Ное 2025

    Поради интензивните врнежи од дожд и силните ветрови што ја погодија Лигурија, во тој италијански регион беа регистрирани околу 252 интервенции на пожарникари. Најголем број интервенции имаше во Џенова, каде што врнежите достигнаа 95 мм за 12 часа. Прогнозите предвидуваат понатамошно влошување на временските услови, со повеќе врнежи во наредните часови, објавува RAI Uno. Во областа Алта Версили, во [...]