Обилни дождови во нашата Македонија, наврнаа нови 66 литри дожд
Во изминатите 24 часа под влијание на нов влажен бран кој беше поврзан со циклонот од Џенова насекаде во нашата Македонија имаше врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер и со локална појава на грмежи. На повеќе места врнежите беа обилни и поројни. Најмногу дожд до 7 часот утрово наврна во Претор и тоа 66 литри дожд.

На табелата можете да ги видите денешните минимални температури измерени до 7 часот утрово по градови и места во нашата Македонија како и наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа исто така до 7 часот утрово и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Вторник 19 Мај 2026 во Македонија ни донесе тмурно, облачно и посвежо време на повеќето месата со температури кои се под просекот за месец Мај. Во западните и во југозападните предели уште од утрово имаше локални врнежи од дожд. Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврна во Охрид и тоа 4 литри на [...]


by