Новогодишната ноќ многу ладна, температурите паѓаат до -15 степени
Под влијание на многу ладна воздушна маса од север, за време на новогодишната ноќ времето во Македонија ќе биде претежно ведро и многу ладно а ќе дува и северен ветер кој особено во југоисточните предели повремено ќе биде засилен на интензитет. Во текот на целиот денешен ден пак ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Температурите денес на повеќе места и преку денот ќе останат под нулата и тие ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 4 степени а во Скопје и околината максималната температура денес ќе се искачи до околу нула степени. И во Скопје и околината во текот на денов ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
За време на новогодишната ноќ пак температурите насекаде во Македонија ќе бидат под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -4 степени а во Скопје и околината температурата ќе се спушти до околу -7 степени. Во повисоките населени и на планинските места температурата ќе се спушти до околу -15 степени.
Првото утро од новата 2026 година ќе биде многу ладно со длабок минус во Македонија.
Препорачувам задолжително со вас да носите топла облека за време на новогодишната ноќ, односно капа, шал и нараквици за да се заштитите од многу ладното време кое го очекувам насекаде во Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by