НОВО НЕВРЕМЕ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Обилни дождови, громови и град
Денешниот ден Среда 10 Јуни 2026 во Македонија ни носи променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија локално процесите ќе бидат интеназивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион денес Среда 10 Јуни 2026 ќе има услови за појава на нестабилност и на невреме проследено со пороемн дожд, засилен ветер, електрични празнења и со локална појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот денес Среда 10 Јуни 2026 ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 32 степени.
Нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со појава на локално невреме ќе биде и во текот на утрешната вечер и ноќта кон петок кога ќе дува повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе услови освежување на времето и продор на посвежа вбоздушна маса од север која ќе предизвика пад на температурите на воздухот.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by