НОВА ТУРА НА ВРНЕЖИ, ГРМЕЖИ И ВЕТЕР ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НЕВРЕМЕ!

објавено на:

16 Мај 2023

од:

сподели:

Во текот на претстојната ноќ, како и во следниот период во Македонија продолжува периодот на МНОГУ ПРОМЕНЛИВО и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. На повеќе места се очекува и развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, а поради очекуваните нови врнежи, во следните денови можно е ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија.

Во Скопје исто така продолжува променливото време. Во делови од котлината повремено ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите овие денови на повеќе места ќе се искачат до околу, па и над 20 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели накратко ќе се искачат и малку над 25 степени. Сеуште нема никаква најава за првиот поизразен топлотен Африкански бран, како што доликува да овој дел од годината. За истиот и понатаму ќе си чекаме, и ќе се изначекаме.

Ваквото многу нестабилно и врнежливо време ќе се задржи до самиот крај на овој месец. Нашата територија, како и целиот Балкански Полуостров е под влијание на моќен циклонски систем од запад. Во регионот веќе на повеќе места има и поплави поради огромното количество на наврнат воден талог.  Опасност од нови поплави во регионот ќе има и во следните денови.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости

  • 19 Јул 2024

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие, што се во општините: - Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација) -Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума) -Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација) - Општина Студеничани место викано [...]