НОВ ЦИКЛОН ОД ЗАПАД СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА: Наскоро следуваат нови обилни врнежи од дожд и снег!
Под влијание на нова циклонска активност од запад, од ноќта понеделник кон вторник, како и во вторник во Македонија ќе има нови врнежи од дожд на пониските места (градовите), додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Само од почетокот снежната граница понекаде може да се спушти под 1000 метри надморска височина.
Локално врнежите ќе бидат обилни, особено во западните предели каде е можна појава и на ретки грмежи. Таму локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Во вторник на повеќе места низ Македонија ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје исто така во вторник ќе има нови врнежи од дожд, а ќе дува и повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите преку ден ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени, а наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за некој степен под нулата.
Ако вака останат работите, нов поларен студ Европа и Балканот ќе го зафатат уште во првите денови од декември и ќе донесе голем студ, како и потпросечни температури на воздухот.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]