Ноќва кон (вторник 18 март) ни носи снежни врнежи и снежна покривка!
Како што веќе долго време предупредувам и информирам околу наглите и огромни промени на температурит, веќе од ноќва кон утрешниот ден (вторник 18 март), особено во западната половина од државава ќе има пообилни врнежи кои полека ќе преминуваат во снег и на повеќе места ќе се формира снежна покривка (локално и до 10 cм снег, а на Скијачките центри и планините таа ќе биде поголема). Врнежите од снег ќе продолжат и утре (вторник 18 март), особено претпладнето.
И во делови од Скопскиот регион ќе има услови за послаби врнежи од снег.
Сето ова ќе биде проследено со повремено силен ветер од северен правец (локално и повремено со брзина од над 60 км/час).
Утре (вторник 18 март) наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 4 степени, додека во текот на денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени, и тоа во Повардарието.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]


by