НИКАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ ОД ПОЛАРНИОТ ВРТЛОГ: ОД ВТОРНИК НОВ ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И МНОГУ ПОСВЕЖО ВРЕМЕ – НЕВООБИЧАЕНО ЗА МАЈ!
Поларниот вртлог ќе ни прави друштво уште долго време, постојано ќе бидеме под влијание на продор на СВЕЖИ воздушни маси од север кој се НЕВООБИЧАЕНИ за овој период од годината. Од вторник очекуваме нов ГОЛЕМ ПАД на температурите на воздухот, кои дури и во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија ќе бидат под 20 степени.
Од вторник исто така на многу места максималните дневни температури ќе бидат дури и под 15 степени, а на највисоките планински врвови на запад и на северозапад од Македонија ќе има услови дури и за повторно провејување на СНЕГ.
Инаку во новата седмица која е пред нас во Македонија ќе има честа појава на врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со порое н дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, а можна е и појава на локално НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на суградица и на град.
Во седмицата која е пред нас локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2).
И во Скопскиот регион во новата седмица ќе има почести врнежи, повремено поројни а можно е и локално НЕВРЕМЕ. Температурите од вторник ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО под просекот за месец мај, односно тие ќе бидат под 20 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]

by