НИ СЛЕДУВА ВИСТИНСКИ ПРОЛЕТЕН ВИКЕНД! ОВА СЕ НАЈНОВИТЕ МЕТЕО ДЕТАЛИ…

Продолжува стабилното, суво и претежно сончево ПРОЛЕТНО време во Македонија.

Исклучок ќе биде понеделник кога ќе има краткотрајно зголемување на облачноста и особено во северните предели ќе има услови за краткотраен слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени, во крајните југоисточни предели и до околу 6 степени. Максималните дневни температури особено високи ќе бидат за време на викендот (ЗНАЧИЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА) и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Во Скопје и околината исто така продолжува стабилното, суво и сончево време со краткотрајно зголемување на облачноста во понеделник. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 14 и 17 степени, и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ за овој период од годината.

НАПОМЕНА: Поради НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИТЕ температури за овој период од годината, на планините и на Скијачките центри се очекува ПОЗНАЧИТЕЛНО ТОПЕЊЕ на снежната покривка.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

 







Занимливости