Ни следува краткотрајна, но вистинска пролет – Температури до 20 степени!
Денес и утре (31 јануари и 1 февруари) во Македонија ќе има многу повеќе сончеви периоди и ќе биде невообичаено топло за овој период од годината со температури значително над просекот за овој дел од годината. Сепак, по котлините, особено во утринските, претпладневните и повторно во ноќните часови ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува претежно слаб ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пролетни на повеќе места низ Македонија и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, а не се исклучува можноста во југоисточните предели тие да се искачат и до околу 20 степени.
Во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 16 степени.
Во недела ќе имаме поголема облачност, а ќе има и појава на повремен локален дожд, а на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе има услови за послаби врнежи од дожд и снег или влажен снег.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Полека од север кон нашата Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. На картата можете да ги погледнете измерените температури во овие рани утрински часови низ нашата Република Македонија.