НИ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: Пред нас многу сонце и значително потопло време!
Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од четврток (7 август) па се до следниот петок (15 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе биде и значително потопло со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.
Во Скопје максималната дневна температура во погоре споменатиот период ќе се искачува до околу 36/37 степени.
Сепак и покрај ова, ќе дува ветер од источен и од североисточен правец, и повремено тој ќе засилува на интензитет.
Пред нас е многу стабилно, суво и повторно значително потопло време, што значи дека убави летни денови ќе имаме и понатаму, се до средината на овој месец, секако, гледано според моменталните излези на прогностичките модели.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Според она што можам да го кажам со најновото ажурирање на прогностичките материјали е тоа дека околу и по Водици Македонија ќе влезе во нов влажен и ладен период. Во ваква ситуација повторно очекувам појава на врнежи, повремено пообилни и тие ќе бидат од дожд и од снег а повремено ќе врне и само снег и очекувам ново формирање [...]


by