НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Наврнаа максимални 30 литри дожд!
Во изминатите 24 часа, односно до 8 часот утринава во нашата Македонија атмосферата беше многу нестабилна и на повеќе места имаше пороен дожд, грмежи, засилен ветер, локално во форма на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Сето ова беше поради влијанието на фронталната долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку Алрпскиот регион се спушташе до нашиот дел од Европа.
Најмногу дожд и тоа речиси 30 литри на метар квадратен дожд наврнаа во Битола.

На табелата можете да ги видите температурите измерени до 8 часот утринава, односно денешните минимални утрински температури измерени во нашата Македонија, како и наврнатото количество на воден талог и тоа во литри на метар квадратен исто така во изминатите 24 часа до 8 часот утринава.

На втората табела пак можете да ги видите температурите измерени попладнево до 14 часот во нашата Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by