НЕВРЕМЕ КОЕ Е ВООБИЧАЕНО ЗА АВГУСТ, А НЕ ЗА СРЕДИНАТА НА ДЕКЕМВРИ МЕСЕЦ – ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ СО АТМОСФЕРАТА ВО МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС?!?!
Во денешните рани утрински часови и во текот на денешното претпладне во Македонија, и тоа особено во западниот и северниот дел од истата имавме МНОГУ НЕМИРНА Атмосфера.
Погледнете на што се должи сето ова:
Тоа што се случуваше денес во раните утрински часови и претпладнето од денешниот ден е невообичаено за овој период од годината, но од време на време се случува! Тоа е интензивен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, силен ветер и интензивни врнежи од град како што беше случајот со Прилеп денес, како и на другите места од западна и северозападна Македонија, вклучувајќи го и Скопскиот регион. Вчера имавме невообичаено топло време, а и денес. Но денес рано наутро и претпладнето на висина продирање постуден воздух од север, воздухот беше доволно влажен придружен со фронтален систем. Судирот на топол и ладен воздух токму услови да имаме ваква состојба со времето денес ( Развој на конвективни облаци и порој од дожд, проследен со силни грмежи, ветер и интензивен град)! ![]()
![]()
![]()
Од утре па натаму следува период на стабилно и суво време, но со ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ температури.
Инаку денес најтопол град во Македонија беше Битола каде беа измерени дури 22 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]

by