НЕВРЕМЕ ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН – ОСОБЕНО ПОПЛАДНЕ И НАВЕЧЕР! ОВА СЕ НАЈНОВИТЕ ВОНРЕДНИ МЕТЕО ДЕТАЛИ…
Продолжува периодот на МНОГУ променливо време, поради тоа очекуваме ЗНАЧИТЕЛНОНО НЕПОВОЛНИ Биометеоролошки услови.
Под влијание на ЦИКЛОН од запад и на влажна и НЕСТАБИЛНА воздушна маса, особено во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од дожд. Во попладневните часови локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и проследени со СИЛЕН ветер (над 70 км/час) и од јужен и југозападен правец како и со појава на грмежи.
Поради присуството на постуден воздух во горниот слој од Атмосферата и топлиот во долниот дел од истата локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд (над 25 л/м2), СИЛЕН ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
Услови за нестабилност ќе има и во Скопскиот регион, проследена со ПОИНТЕНЗИВЕН дожд, силен ветер и со појава на грмежи, особено во попладневните часови.
Потоа послаби локални врнежи ќе има и во сабота, кога особено во вечерните часови поради падот на температурите на воздухот на планините ќе провејува СНЕГ. Во недела ќе дува ЗАСИЛЕН северен ветер, а исто така од недела па натаму следува период на стабилно и суво време.
Температурите остануваат ПРОЛЕТНО ВИСОКИ, исклучок ќе биде недела кога истите ќе бидат ПОНИСКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени. СТУДЕНО утро очекуваме во понеделник кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, со што очекуваме појава и на слаб мраз.
НАПОМЕНА: Утре, во случај на појава на НЕВРЕМЕ, препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Променливото време продолжува и во почетокот на новата работна седмица. Утре (понеделник) особено во јужните предели од државава и во претпладневните часови ќе има повремено врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег. Врнежите сепак полека ќе се намалуваат и ќе престануваат, па така во вторник ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и ќе биде претежно [...]