НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА ПРОСЛЕДЕНО СО СИЛЕН ВЕТЕР: Тоа продолжува и оваа ноќ и ќе биде проследено со обилни врнежи, грмежи, појава на град и со ветер од над 70 км/час
Ладниот атмосферски фронт веќе ја зафати нашата територија, а тоа може да го почувствуваме со силниот ветер на повеќе места низ Македонија, а особено во Скопје каде ветерот носеше се пред себе и корнеше дрвја.
Во текот на претстојната ноќ ќе биде многу нестабилно и со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) силни и чести електрични празнења како и со појава на град.

И во Скопскиот регион во текот на претстојната ноќ ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на ново посилно невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) силни и чести електрични празнења и со појава на град.
Токму поради ова апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни и во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Вторник 19 Мај 2026 во Македонија ни донесе тмурно, облачно и посвежо време на повеќето месата со температури кои се под просекот за месец Мај. Во западните и во југозападните предели уште од утрово имаше локални врнежи од дожд. Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврна во Охрид и тоа 4 литри на [...]


by