НЕВООБИЧАЕНО ТОПОЛ БРАН ВО ЗИМА – ДЕНЕС ВО МАКЕДОНИЈА ИЗМЕРЕНИ ДУРИ 21 СТЕПЕН – ОД НЕДЕЛА ПОЗНАЧИТЕЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ!
Денес имавме НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО време за овој период од годината, и тоа поради силното јужно и југозападно воздушно струење. Денес најтопло беше во Охрид, Битола и Прилеп, во Битола и Охрид се измерени 20 степени, додека во Прилеп дури 21 степен. Во Скопје се измерени 14 степени а во Тетово поради значителната ниска облачност, но и поради маглата беше најстудено со максимална температура која се искачи до само 10 степени.
Сето ова лошо влијае врз здравјето на граѓаните, особено врз метеопатите каде има појава на позначителни здравствени проблеми (проблеми со притисокот, лошење и главоболка).
Утре и тоа особено претпладне и во западните предели ќе има нови врнежи од дожд, додека од недела следува северен ветер и ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПАД на температурите на воздухот, но и далеку постабилно и посуво време. Утре сеуште ќе биде НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.
Во недела, а особено во првите денови од следната седмица температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени а наутро истите понекаде ќе се спуштаат и под нулата, односно минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 4 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]