НЕВООБИЧАЕНИОТ ЛАДЕН БРАН ОД СЕВЕР ВЕЌЕ ГО ЗАФАЌА БАЛКАНОТ: Падна првиот снег во Словенија
Ладниот воздух од Атлантикот зафајќајќи ја централна Европа и Алпскиот регион, попладнево започна да го зафаќа и северен Балкан, па така веќе на планините во Словенија паѓа и првиот снег за оваа сезона.

Наглата промена на времето касно вечерва и во текот на ноќта ќе ја зафати и Хрватска како и Босна и Херцеговина, а утре уште од претпладневните часови ќе пристигне и во Македонија и ќе услови нови пообилни врнежи од дожд, локално проследени со грмежи и со засилен ветер (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]

by