НЕМА ВО НАЈАВА НИКАКВА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО – ЧЕСТИТЕ ДОЖДОВИ И ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ ПРОДОЛЖУВААТ!
Под влијание на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од југоисток, и во следните десет денови времето во Македонија ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО, во попладневните часови со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ, и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова АПЕЛИРАМЕ граѓаните и понатаму во случај на појава на НЕВРЕМЕ да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Локално и во следните десет денови ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог, со што постојат услови и за локални ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ.
Во Скопје и околината исто така продолжува МНОГУ НЕСТАБИЛНОТО време, со честа појава на попладневен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.
Температурите и во следните десет денови нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот претежно од 21 до 28 степени, а ќе има и денови кога ќе бидат малку пониски. Нема никаква најава за првиот поизразен топлотен Африкански бран, и за истиот и понатаму ќе се изначекаме.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]