НЕМА ДОЛГОТРАЈНА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО: Поројните дождови и временските непогоди ќе ни бидат честа појава во Македонија!

Невремето и понатаму продолжува низ Македонија, и тоа поради големата влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад.

До крајот на денешниот ден, и понатаму на многу места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова апелираме на крајна претпазливост.

Во Скопје исто така ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека во делови од котлината повторно има услови за појава на краткотрајно невреме проследено со силен ветер, интензивен пороен дожд, електрични празнења и со појава на град.

Краткотрајно стабилизирање на времето ќе има во понеделник, додека во вторник, а особено во среда повторно ќе има поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно ќе има појава на невреме. 

Долготрајна стабилизација на времето не се очекува.

Температурите нема да бидат екстремно високи и во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, додека потоа и тоа според последните анализи околу 10 јули следува поголем пад на истите, и тоа поради продор на свежа воздушна маса од север.

Температурата во Скопје во следните неколку денови ќе се искачи до околу 32 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!