НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ И НАД 15 СТЕПЕНИ!

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Во седмицата која што ни следува, и тоа поради изразеното јужно струење на висина ќе имаме НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 14 степени, додека кон крајот на работната седмица истите во најтоплите централни и југоисточни предели се очекува да се искачат дури и малку над 15 степени.

Високи ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.

Времето ќе биде променливо облачно, повремено со сончеви периоди. Ќе дува јужен и југоисточен ветер кој од четврток повремено ќе засилува на интензитет.

НАПОМЕНА: Во следниот период повремено ќе има услови и за послаби локали врнежи од дожд.

Во Скопје и околината продолжува променливото време, но останува релативно суво. Ќе дува јужен и југоисточен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 14 степени кон крајот на работната седмица.

ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: На повидок вистинско зимско сценарио со спуштање на ладен воздух од Арктикот НЕМА НА ВИДИК, што значи за снег ќе почекаме!

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости