НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Повремено нестабилно, но со летни температури на воздухот!
Во текот на новата седмица која што ни претстои, времето во Македонија и понатаму ќе биде променливо облачно, но со сончеви периоди. Локално и повремено ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на краткотрајно невреме.
И во делови од Скопската котлина повремено ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Наутро температурите нема многу да се менуваат во споредба со сегашните, максималните дневни температури на воздухот пак и понатаму ќе бидат натпросечно високи, и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
Ув индексот ќе има умерено висока вредност и ќе има коефициент помеѓу 5 и 6.
Барем според моменталните анализи со кој располагаме, пад на температурите на воздухот кај на се очекува од 25 септември па натаму, односно од следниот понеделник.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by