НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НИ НОСИ ЦЕЛАТА ОВАА НЕДЕЛА
Во новата седмица која што ни претстои ни следува период на стабилно и суво време, со МНОГУ ПОВЕЌЕ сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, и тоа поради разведрувањето кое се очекува. Минималните температури во следниот период ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 1 степен, додека максималните температури исто така ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ за разлика од оние кои ги имавме изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.
ПРВИЧНИ АНАЛИЗИ ЗА ВРЕМЕТО ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Барем одсега гледано, за време на новогодишната ноќ не очекуваме врнежи од снег, а ќе биде и натпросечно топло. Промени во прогнозата и понатаму очекуваме, но какви промени ќе бидат останува да видиме – Следете!
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]

by